Професионалци за безбедност

Посветени за ваша сигурност и безбедност.

Физичко обезбедување

Референти за физичко обезбедување на секаков тип на објекти

Мониторинг-патролно обезбедување

Мониторинг, патролно и техничко-сервисно обезбедување

Техничко обезбедување

Систем за противпровална заштита и видео надзор во Вашиот објект

За нас

    Агенција ГОТАС е основана 2004 година. Важи за угледна и успешна компанија која сите овие години бележи постојан напредок што резултира со брз и континуиран раст на клиенти кои ги користат нашите услуги.

    За задоволството на клиентите од нашата услуга зборува соработката со голем број клиенти кои ги користат нашите услуги уште од почетокот на нашето формирање.

    За квалитетно дадена услуга имаме добиено бројни признанија и благодарници од страна на нашите клиенти.

    Подготвени сме да започнеме долгорочна соработка

    Побарајте ја нашата понуда и доверете ни ја вашата безбедност.

    ЈАВЕТЕ СЕ +389 75 435 061

    Физичко обезбедување

      Агенцијата за обезбедување ГОТАС физичкото обезбедување го реализира со поставување на референти за физичко обезбедување на секаков тип на објекти. Референтите за обезбедување носат препознатлива униформа на Агенцијата ГОТАС. Истите лица се со беспрекорна дисциплина, одговорност и зрелост со висок степен на професионалност.

      Агенцијата ГОТАС ќе ги анулира сите ваши грижи во однос на безбедноста на вашиот имот со што ќе придонесе поуспешно да го реализирате Вашиот бизнис.

      Мониторинг-патролно обезбедување

        Мониторинг-патролно обезбедување се реализира преку мониторинг обезбедување, патролно обезбедување и техничко-сервисно обезбедување.

        Откако на Вашиот објект ќе биде монтиран противпровален систем истиот се поврзува со нашиот мониторинг центар кој добива дојави од Вашиот објект 24 часа на ден. До мониторинг центарот доаѓаат дојави за отворање на објектот, затворање на објектот, дојава за саботажа на системот, дојава на паник, дојава на слабо напојување на системот како и дојава на аларм, односно, дека во објектот се присутни лица кои се влезени без Ваше одобрение. Во тој случај, за време од 2 до 5 минути, во Вашиот објект пристигаат лица од патролна служба кои преземаат понатамошни соодветни мерки.Техничко-сервисната служба исто така се грижи за техничката исправност на опремата на нашите клиенти.

        Техничко-сервисната служба исто така се грижи за техничката исправност на опремата на нашите клиенти.

        Техничко обезбедување

          Техничкото обезбедување се заснова на инсталирање на систем за противпровална заштита како и систем за видео надзор во Вашиот објект. Се инсталира професионална опрема на алармен систем која се поврзува со нашиот мониторинг центар. На алармниот систем се поставува шифра за влез во објектот која ја знаете Вие и лица кои имаат Ваша дозвола за управување со системот. Оваа шифра ја внесувате секогаш кога нема да бидете присутни во објектот и сакате да овозможите безбедносна сигурност во истиот. Во овој период, доколку на објектот влезе лице кое нема Ваша дозвола ќе биде активиран алармниот систем и до нашиот мониторинг центар ќе дојде соодветен сигнал. Следуваат активности од патролна служба.

          Агенцијата исто така врши монтажа на систем за видео надзор. Се врши монтажа на висококвалитетна опрема на видео надзор. Преку овој систем може да вршите 24 часовен надзор над Вашиот објект. Овој систем за видео надзор може да биде програмиран и следен преку Вашиот мобилен од било кое место во и надвор од нашата држава преку интернет мрежа.

          Транспорт на пари

          Поради се поголемо интегрирање на криминалот во нашето секојдневие и поради високо ниво на ризик во врска на транспорт на Вашиот профил, Агенцијата ГОТАС Ви нуди услуга на транспорт на пари. Со оваа услуга Ви овозможуваме Вашиот профит безбедно да стигне до последната дестинација.

          Оваа услуга ја врши одговорен и вооружен тим на луѓе согласно со законите на Република Македонија. Движењето на возилата што вршат транспорт се следи во мониторинг центар. Затоа, не се размислувајте Вашиот профит да биде транспортиран од професионалци и лица обучени за ваква дејност.

          Контакт

          Адреса:

          Народна Револуција 131 б,lokal 1
          Куманово, Македонија

          Телефон:

          +389 75 381 898

          Loading
          Your message has been sent. Thank you!